Димовски: Изјвата извадена од контакст - предвремени избори во ноември нема да има
Предвремени избори во ноември нема да има. Мојата ијава е извадена од контекст. Ние се надеваме дека СДСМ ќе се врати во Собранието. Не сме размислувале воопшто за таква опција. Координаторот на пратеничката група на владејчката ВМРО-ДПМНЕ ги демантира информациите кои вчера ги објавија некои медиуми дека најголемата партија се подготвува за нови избори.
Димовски вели дека се надева дека опозицијата ќе се врати во Собранието.
Викендов во интервју за Press24 спикерот Вељаноски рече дека по 8 октомври, за кога се очекува Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија доколку СДСМ не се врати во Собранието ќе ја закаже седницата на која ќе бидат констатирани оставките.
„Знаете дека на 8 октомври треба да биде објавен Извештајот на Европската комисија, во кој верувам дека Македонија и по шести пат ќе добие препорака за добивање на датум за започнување на преговорите со ЕУ. Така да ако опозицијата не се врати во Парламентот и ако го условуваат политичкиот дијалог со апсурди и пред сé недемократски барања, како што е техничка влада и нови избори, јас ќе свикам продолжување на седницата на која се оставките на пратениците од СДСМ. Сепак врз основа на моето досегашно политичко искуство и практика мислам дека ќе се најде форма и начин опозицијата да се врати во Собранието. Јас искрено посакувам тоа да се случи во еден разумен рок, изјави во интервјуто за Прес24, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.
Во СДСМ утрово не успеавме да добиеме коментар на изјавата на Димовски, бидејќи портпаролот Петре Шилегов имаше неодложни обврски. Последниот став во партијата е дека не се поместуваат од позицијата тхничка влада да ги организира следните избори.
Без коментар е и владејчката ДУИ, додека ДПА, минатата недела излезе со став дека е против предвремени избори, коментирајќи дека се подготвени веднаш да се вратат во Собранието, доколку тие станат причина за негово распуштање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа