Опколен американски четник - убил еден и ранил уште еден полицаец

Некогашен студент на руски и српски јазик Ерик Метји Фрајн од заседа на 12 септември убил еден, а ранил уште еден полицаец. ФБИ го има ставено на листата на десетте најбарани луѓе, а спрема првите резултати на истрагата, тој нападот на полицајците го планирал повеќе од шест месеци. 

Проблем на властите во откривањето и апсењето на Фрајн претставува тоа што побегнал во планината Поконо, а претходно по социјалните мрежи објавил дека е љубител на оружје и природата и дека често оде во акција за преживување во природата. 

Обвинет е за убиство и обид за убиство. Неговиот напад бил кобен за полицаецот Брајан Диксон, додека Алекс Даглас по операцијата почнал со процесот на опоравување.

Неговиот татко на сослушувањето изјавил дека неговиот син од домот однел две автоматски пушки и додал дека е многу вешт со ракувањето на оружјето. 
„Кога Ерик пука - не промашува“, изјавил таткото на Фрајн. 

23.09.2014 - 10:57


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега