Шокантна приказна - барале предавање на Белград, а потоа стигна одговор од српскиот генерал

Во првите месеци на Првата светска војна, некаде овие денови пред точно еден век, Австриската војска испратила ултиматум до Белград барајќи безусловно предавање на градот. Одговорот кој им го дал командантот на српската престолнина, на непријателите, одекнал низ цела Европа.

Следната приказна е забележана во книгата „За српската војска“ на Анри Барби, француски новинар и воен дописник на парискиот весник, Журнал, во кој пишувал за српските конфилкти за време на Балканските војни и Првата светска војна.

За време на септември 1914 година, Белград бил под силна австроунгарска офанзива. Градот бил целосно разрушен, а штетата била огромна.

Сепак Србите и понатаму опстојувале и одбивале било какво предавање.

Така 22 септември 1914 година во попладневните часови еден пратеник со бело преговарачко знаме им се доближил на српските позиции кај Белград,

Командантот на австро-унгарските сили кај регионот Земун, генерал-мајор Густав Гоља, испратил преговарач со ултиматум за предавање.

Еве што пишувало во него:

„Главен командант во Белград“

За да ја спасите српската престолнина од уништување, од артилерискиот оган, повикајте се на предавање на градот.

Командантот од највисок ранг и неговиот штаб, како и градската управа, треба, од сега па за еден час, што значи, пред шест часот оваа вечер, да се појават на платформата во Земун, која се наоѓа на реката Дунав.

Густав Гоља, генерал-мајор.

Напомена: Во случај да го прифатите предавањето, на Калемегдан, наместо српското, нека се вее бело знаме.

Генералот Михаило Живковиќ командант на одбраната на Белград ги примил непријателските гласници, ги слушнал нивните пораки, по што следувал краток одговор.

„Оди во пич*у мате*, изјавил бесно.

„Што се однесува до мене, јас нема да се трудам да го преведам на француски збор по збор неговиот одговор, кој бил краток и енергичен, и преку кој го советувал австрискиот генерал да се „врати во утробата на неговата мајка“, напишал во книгата Барби, додавајќи дека генералот Живковиќ продолжил со пцовките на српски јазик со кои прилично бил снабден.

Штом непријателскиот преговарач пристигнал на унгарската страна, генералот наредил повторно да отворат оган по непријателските позиции и војната да продолжи.

Михајло Живковиќ бил српски генерал и министер за одбрана. Од страната на мајка му и татко му потекнувал од Миленка Стојковиќ и Хајдук Вељка Петровиќ.

Завршил највисока воена школа во Србија, а се усовршил во Русија. Бил министер за одбрана на Кралството Србија во 1908 и 1909 година.

Во првата светска војна, во 1914 година бил командант на одбраната на Белград. На чело на воените единици останал до повлекувањето на армијата на Крф, каде што тимот бил распуштен во 1916 година.

 

Во јуни 1916 година, бил назначен за командант на српскиот Волонтерски корпус во Русија. По избувањето на револуцијата во Русија во 1917 година, корпусот на доброволци бил испратен на Солунскиот фронт, а со него и Живковиќ. На патувањето се разболел и морал да остане во Париз. Пензиониран е на 1 јуни 1918 година, а починал на 28 април 1930 година.  

23.09.2014 - 09:47


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега