Во нoeмври предвремени парламентарни избори во Македонија
Доколку Заев не ги врати пратениците на СДСМ во Собранието о ноември ќе се распишат предвремени парламентарни избори.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за Телма вели дека мора да се надмине политичката криза.
- Времето ќе покаже дали изборите ќе се распишат само за испразнетите 31. пратеничко место или пак за нови 123. Уставните рокови течат, мора да се стави крај на политичката криза. Нема простор за калкулации. Собранието ќе биде доведено до ѕид, не би посакал оваа политичка криза да заврши на таков начин, секој носи своја одговорност - вели Димовски за ТВ Телма.
Од владејчката партија остануваат на ставот дека барањето на СДСМ за техничка влада која биги спровела идните избори е неприфатливо.
Викендов во интервју за Press24 спикерот Трајко Вељаноски и порача на опзицијата дека псоледен рок за да се врати во пратеничките клупи е осми октомври.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа