Скандал во Велес: Малолетник силуван од четворица врсници
Шокантно е што настанот од 19 мај, за првпат во полиција е пријавен дури на 16 јуни. Дотогаш го немало во ниеден билтен на МВР, бидејќи затворските службеници го прикриле, а не го известиле ни Обвинителството, пишува утрешен „Вест“.
Станува збор за случај во кој малолетник бил силуван во самица од страна на четири врсници во Поправниот дом во Велес, за што во моментот за шрикривање се гонат раководителите.
Тој ден надлежните одлучиле дека детето што пријавило силување, не треба да се однесе ни на лекар. Процениле дека е доволно само да се заведе во книгата за дневни настани, и случајот така да се заборави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа