Познат српски пејач имал проблеми со лоши момци за хонорар од 10.000 евра

Српскиот пејач Шабан Шаулиќ добил хонорар од 10.000 евра да пее два часа на приватна забава во Пореч, што тој не го испочитувал бидејќи настапил само 45 минути, па едвај извлекол жива глава.

Фолкерот во четвртокот вечерта заедно со Вики Миљковиќ, кемал Монтено, Боки Милошевиќ, Александра Пријовиќ и Фантастик бенд, пеел на 40 роденден на жената на еден познат бизнисмен, а наместо договорените два часа за кои добил 10.000 евра тој настапил само 45 минути.

Бидејќи Шабан во тајност ја напуштил свечената сала, дел од гостите, кои во хрватските кругови се познати како многу опасни, тргнале во потрага по него за да го вратат на бина и да го натераат да пее.

- Се изгледаше нормално до моментот кога поединци сфатија дека Шабан со сопругата Гордана и синот Михајло го снемало од салата и се упатил кон хотелот кој е во сопственост на нивниот пријател Ќазим Османи, кој исто така бил на веселбата. Тие се опасни момчиња и Шабан не треба така да се однесува бидејќи однапред беше исплатен со хонорар од 10.000 евра за да пее два часа. Да не ги запреше славеничката, Шабан лошо ќе завршеше. Од друга страна пак, Вики и членовите на Фантастик бенд беа вистински професионалци и не престанаа да свират и пеат се додека не си замина и последниот гостин, наведува соговорник за српски Курир кој бил на роденденот.

Во текот на вчерашниот ден српски Курир се обиделе да стапат во контакт со Шабан, но неговиот телефон бил недостапен. Меѓутоа неговата сопруга Гордана вели дека Шабан помалку пеел оти имало и други пејачи.

-Шабан, го испочитува договорот. Тој секогаш пее повеќе од договореното време, посебно кога на веселба не канат наши пријатели. Овојпат на настапот беа уште неколку негови колеги и не беше коректно само тој да пее. Драго ми е што некои сакаат да им пее до зори, но тоа е невозможно, одговорила сопругата Гордана Шаулиќ.

22.09.2014 - 16:01


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега