Присилувал своја ученичка на секс - го вратиле на работа како ништо да не било

Основниот суд во Нови Пазар му наложи на Техничкото училиште да го врати на работа професорот В.Т., кого бившата ученичка С.Д. минатата година го обвини за сексуално малтретирање. Исто така постои и аудио снимка од злоставувањето, која е одамна доставена во обвинителството.

Бившата иченичка поднела тужба против професорот во мај 2013. година, но од тогаш не е закажано ниедно рочиште, а судот не зел изјава од неа, директорката на училиштето, професорот и сведокот кои според тврдењата го чуле професорот на екскурзија како ја повикува ученичката на секс. 

 

Директорот на Техничкото училиште Нусрет Муртезич вели дека судската одлука го шокирала и дека не му е јасно зашто е таа донесена.

- Ова му доаѓа како судот да го ослободил, а процесот кој училиштето и ученичката го водат против него не ни започнал, иако тужбата е поднесена уште во мај минатата година. Судот се повикува на тоа дека сме пробиле некаков рок, што не е точно, вели разочараниот директор.

- Луѓе, не ми го врќајте тој човек, постои снимка на која се слуша како од ученичката бара да ги соблече алиштата и да го допира. Многу родители ми се јавија и рекоа дека нема да ги праќаат своите деца на настава, додаде Муртезич. 

Девојката која беше жртва на сексуалното насилство истакна дека ваквата одлука на Основниот суд во Нови Пазар воопшто не ја изненадува, бидејќи е сигурна дека В.Т. повлекол врски за да го ослободат.

- Тој монструм ме допираше на сила, ми нудеше брак, а еднаш ми рече дека треба да се омажам за роднина на неговата сопруга за да бидам поблиску до него, изјави огорчената С.Д.

Заменикот на Вишиот обвинител во Нови Пазар Едис Арифович изјави дека судијата на кој му бил доделен овој случај починал и затоа дошло до застој.

- Предметот ќе му биде предаден на друг судија. Тужителството покрена предистражна постапка и дадовме упатство за задолжително обвинение, изјави Арифович.

- Не сакам да ја коментирам тужбата на таа девојка против мене. Што се однесува на враќањето на работа, судот беше јасен и училиштето мора да постапи онака како што наложи судот, рече В.Т. и додаде дека во спротивно ќе го тужи училиштето.

 

22.09.2014 - 09:20


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега