Поплавите во Србија закана за хидроцентралата „Ѓердап 1“

Србија прогласи вонредна состојба поради поплавите во источните делови на земјата.

Спасувачките тимови со булдожери, чамци и воени камиони се обидуваат да стигнат до поплавените куќи и да ги спасат граѓаните.

Официјалните лица предупредија дека хидроцентралата на Дунав е под опасност од големото ниво на водата, како и отпадоците кои ги носи со себе.

До пред само неколку дена се сметаше дека хидроцентралата „Ѓердап 1“ не е во никаква опасност, но поради сериозноста на поплавите, можно е да и се нанесе голема штета.

19.09.2014 - 17:23


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега