Старец ја убил својата сопруга - не и давам имот

Осумдесетиседум годишен старец ја убил поранешната сопруга затоа што не можел да поднесе дека изгубил во судскиот спор против неа околу поделбата на заедничкиот имот

 

- Ја убив поранешната жена- изјавил Иван Гргиќ (87) кога бил приведен од полицијата во средата во местото Кукујевац кај Липик, Хрватска, пишува Вечерњи лист.

Тој ја убил поранешната сопруга Милка (75) со која била во брак повеќе од 30 години. Иван ја исфрлил од домот и се одлучил да живее со помлада жена. Но Милка победила во судскиот спор и тој одлучил да ја убие!

Гргиќ имал градежна фирма, пензија и недвижен имот кој го стекнал работејќи во Германија. Предмет на поделба биле две куќи , а на Милка требало да и плаќа 800 куни месечно. 

Тие имале и еден син, кој бил посвоен. 

19.09.2014 - 11:18


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега