ЕУ го одмрзна имотот на семејството Милошевиќ

Европската унија конечно ја укина одредбата со која  на 7 српски политичари  и  генерали како и на семејството Милошевиќ– Борислав, Слободан, Мирјана Марковиќ и нивните деца Марија и Марко, како и снаата Милица Гајиќ, замрзнатиот имот во земјите на Европската унија!

Покрај семејството Милошевиќ, на списокот се уште седум лица – Милан Милутиновиќ, некогашниот претседател на Србија, Драгоњуб Ојданиќ, генерал, некогашниот министер за одбрана, Никола Шаиновиќ, некогашниот заменик претседател на владата на  СР Југославија, Влајко Стоилковиќ, некогашниот министер на полицијата, Миле Мркшиќ, генерал, Мирослав Радиќ, офицер, и Веселин Шљиванчанин, офицер.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, во име на Евопската комисија, во понеделникот на 15 смептември, предложи укинување на Одредбата  2488/2000 на Советот на ЕУ, според која во ЕУ беше замрзнат имотот на некогашниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ и на лица од неговото блиско опкружување..

– Со оглед на тоа дека  Советот на ЕУ во меѓувреме утврди дека не постои повеќе причина за рестриктивни мерки против наведените лица бидејќи тие повеќе не претставуваат опасност за зацврстување на демократијата, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност и цела Комисија на ЕУ предлага да се укине горенаведената одредба. Штом Советот на ЕУ го прифати овој предлог, и се објави во Службената листа на ЕУ, ќе биде одмрзнат имотот на преостанатите лица, кои до денеска се на листите на оние на кои имотот им е замрзнат.

Мирјана Марковиќ во изјава за српски Курир тврди дека нејзината фамилија и таа немаат ништо од имотот во земјите на ЕУ.

-Ни јас, ни мојот маж, ни нашите деца Марија и Марко, немаме никаков имот во земјите на ЕУ, никогаш ниту имавме – порача таа, не сакајќи да коментира како се чуствува после оваа одлука на ЕУ.

19.09.2014 - 09:21


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега