Македонскиот филм „До балчак“ ќе биде кандидат за Оскар

 

Официјално е соопштено дека македонскиот филм „До балчак" на режисерот Столе Попов ќе ја претставува Македонија во трката за престижната награда Оскар.

Ова го соопштија од Друштвото на филмски работници на Македонија.

Комисијата во состав на Роберт Насков (продуцент) претседател на Комисијата, Димитар Попов (директор на фотографија), Вардан Тозија (режисер), Иван Бартлинг (сценограф) и Горан Игњатовски (дизајнер на шминка/маска), со мнозинство гласови одлучи филмот да ја претставува Македонија во конкуренцијата за Оскар од неанглиско говорно подрачје.

Филмот е сниман по сценарио на Горан Стефановски, а македонската премиера ја имаше на 14-ти септември на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола.

18.09.2014 - 18:01


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега