Крвава тепачка во скопскиот Суд - Штерјо Наков и неговиот син натепани во судница

 

Денеска во Основен суд 2 дошло до крвава тепачка меѓу семејството Накови и Омерагиќ, поточно Штерјо Наков неговиот син Драган и сопствениците на Руле Турс, Ружди и Масар Омерагиќ, јавува Нетпрес.

При одвивање на судски спор меѓу овие две познати бизнис семејства, најпрво тепачката настанала меѓу синот на Штерјо Наков, Драган и синот на Ружди, Масар Омерагиќ.

Потоа во тепачката се вмешале и татковците, но најдебелиот крај во целата мешаница го извлекол Драган Наков.

Според доброинформирани извори  на Нетпрес, во случајот морала да интервенира и судска полиција, која повикала и Брза Помош за да им помогне на настраданите.

Драган Наков со раскрварена глава Брзата Помош го однела во болница.

16.09.2014 - 21:44


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега