ДПА: Сега Албанците ќе треба да чекаат пред српски службеници

 

Партијата на албанското малцинство во Македонија, ДПА остро реагира на потпишувањето на договорот за заеднички амбасади со соседна Србија. Од партијата денеска на прес конференција истакнаа дека сега Албанците ќе морале да чекаат во ред во амбасадите каде што ќе работат српски службеници.

 “На денот кога албанската држава го отвори своето прво заедничко дипломатско претставништво со Косово, и владата на Македонија потпиша сличен договор, но со Србија. Тоа што го започна пред една година, вчера ДУИ го запечати, со што граѓаните Албанци кои работат во европските и во прекуокеанските земји ќе бидат принудени да чекаат ред на шалтерите на кои најверојатно ќе бидат вработени дипломати од српската држава! Како резултат на потчинетата политика на ДУИ во Владата, Албанците од Македонија освен што се соочуваат со Србите по улиците, каде српските полицајци патролираат како резултат на уште еден договор што беше потпишан од страна на оваа влада, сега ќе мора да се соочат со нив и во дипломатските претставништва - изјави Садије Илјази од ДПА, денеска на прес конференција. 

16.09.2014 - 13:13


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега