Владејачката коалиција со јасна порака: Предвремени избори ни на крај памет
Владејчката коалиција му порача на лидерот на ДПА Мендух Тачи дека предвремени избори не им се ни на крај на памет. Ваквиот став следи по интервјуто на лидерот на ДПА за весникот на албански јазик Лајм во кое тој вели дека неговата партија не сака да биде алиби за предвремени избори и дека доколкувласта се реши да ги искористи за таков потег, тие веднаш ќе се вратат во Собранието, пренесува Дневник.
- Ја поздравуваме готовноста на Тачи да се вратат во Собранието и ги охрабруваме тоа да го сторат што поскоро за да придонесат за оптимални законски решенија во парламентот, како и преку конструктивен дијалог да дадат придонес за евро-атлантските интеграции на Македонија. За предвремени парламентарни избори ниту станало збор ниту е во нашата агенда. Агендата на ДУИ е пребукирана со напори за решавање на спорот за името и за влез на Македонија во НАТО -вели Артан Груби, шеф на кабинетот на Ахмети за Дневник.
Од ВМРО- ДПМНЕ за весникот не сакаат да ја коментираат изјавата и упатуваат на ставот на премиерот дека овој мандат сака да го истера до крај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа