Шкотскиот референдум може да предивика тензии на Балканот

Референдумот за независност на Шкотска може да предизвика нови сепаратистички тензии во регионот на Западниот Балкан, изјави британскиот надворешно-политички аналитичар Џејсм Кер-Линдзи.

Според него, некои луѓе во регионот на Западен Балкан поттикнати од шкотскиот референдум за независнот би можеле да запрашат: „ако Шкотланѓаните имаат право на независност, зошто да немаме и ние“. 

- Тоа ќе биде вистински тест за националните влади, нагласи Кер-Линдзи, истакнувајќи дека Европа важи за континент каде се почитува демократијата, па затоа би било неумесно ако европските држави им го ограничат правото на своите граѓани да се изјаснат за својата иднина.

13.09.2014 - 15:11


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега