Актуелната влада на Косово ќе воведе санкции против Русија

Се уште актуелната косовска Влада на Хашим Тачи планира да и воведе санкции на Русија, согласно потезите на Европската унија, објави приштинскиот весник „Експрес“.

Советникот на министерот за надворешни работи Басмир Џемај изјави дека „владата и министерството ги координирале и анализирале можностите за воведување санкции против Русија“, како што тоа го направиле САД и ЕУ.

- Ги презедовме сите мерки и зкаонски подготовки и останува само на Владата да ја стави во сила таа одлука, изјави Џемај, пренесува Танјуг. 

12.09.2014 - 15:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега