ФОТО: „И јас сум мајка“- очајна жена протестира одејќи пеш низ Србија

Горица Петровиќ, мајка на болно девојче утрово тргнала пеш од Бања Ковиљача до Белгард во знак на протест бидејќи нивната куќа била уништена во мајските поплави кој ја зафатија Србија, па поради тоа нејзината ќерка е приморана да живее во нехумани услови.

Горица тргнала во 8:00 часот утрово кон Министерството за труд и социјала во Белград, а со неа има и полициско обезбедување.

- Моето дете живее во премногу лоши услови каде и здрав човек би се разболел. Пред нашите проблеми локалната самоуправа и државните институции ги затвораат очите. Поради тоа тргнувам пеш за Белград, изјавила Горица утрово.

Таа додава дека нејзината цел е да го сврти вниманието на јавноста кон децата кои се заборавени од локалните и државните институции, нагласувајќи дека нејзиниот протест не претставува закана за никого, туку борба за болните деца кои се поплавени и заборавени.

 

Мајката на болното девојче вели дека очекува во Белград да пристигне во понеделник или вторник. Таа на градите носи натпис „И јас сум мајка“, а на грбот натпис за поддршка на сите забравени деца чие здравје е загрозено од поплавите.

Нејзината 13-годишна ќерка боледува од ретка болест, на клиниката Аџибадем во Турција и е констатирана хемофилија и уште неколку тешки дијагнози.

 

Од поплавите семејството Петровиќ претрпело огромни штети, но најлошо е тоа што биле поплавени и лековите на девојчето, кои се доста скапи и тешко достапни.

12.09.2014 - 10:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега