Не ми можете ништо има дупка во законот- полицаец 28 пати точел бензин без да плати

33- годишниот Хрвоје Приморац  полицаец од Врбовец и поранешен помошник на началникот на крим-техника од март годинава украл речиси 900 литри гориво вредно 9.700 куни (околу 1.300 евра).

За овој случај полицијата не презела ништо, туку на сопственикот на бензиската му предложила да го гони со приватна тужба.

Хрвоје последен пат наточил бензин во саботата, на 6 септември околу 19 часот па и овој пат заминал без да плати. Истата постапка ја повторил веќе 28 пати во последните седум месеци при што вкупно наточил 900 литри гориво.

Наводно, причината за тоа е што полицијата поднесува кривична пријава за случаи кога станува збор за кражби со штета поголема од 2.000 куни (260 евра), а за помали суми нема должност да поднесува пријави.

Како што пренесуваат хрватските медиуми компанијата Ина, ќе треба сама да поднесе приватна тужба против полицаецот ако сака да си го наплати долгот.

 

Имено, тој бил толку самоуверен во тоа што го прави, што воопшто не бегал од бензинските пумпи, туку само им велел дека нема пари и дека нема да ја плати сметката. Во една прилика тој дури и им дал лична карта за да ја сликаат. Неговото образложение е дека не му можат ништо затоа што постои „дупка во законот“.

12.09.2014 - 09:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега