Дожд и грмежи - еве какво време не очекува утре
Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне ќе биде нестабилно со повремен дожд и грмежи, особено во крајните западни и источни делови од земјата. Ќе дува слаб североисточен ветер.
Температурата ќе се движи од 18 до 28 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 5.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 25 степени.
07.09.2014 - 13:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа