Иванов го посети студиото за анимација и продукција на визуелни ефекти Fx3x

 

 

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов вчера попладне го посети студиото за анимација и продукција на визуелни ефекти за играни филмови и рекламни спотови Fx3x.

Македонскиот претседател присуствуваше на снимањето на филмот чијшто работен наслов е „Чекајќи ги парите“, филм којшто се очекува да биде завршен за 7-8 месеци, и да биде прикажан пред домашната публика, како и во странство.

Претседателот Иванов, соопшти денеска неговиот кабинет, проследи една од сцените за време на снимањето на филмот и посака успех на целата екипа. Актерската екипа ја сочинуваат Ана Стојановска, Сенко Велинов, Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски, Игор Стојчев, Горазд Цветковски, Катерина Шехтанска, Роберт Вељановски и Илбер Муртези.

За снимањето на филмот се задолжени СД-Продукција и ДМФ, директор на фотографија е Дејан Димески, а продуценти се Дејан Илиев и Слободан Деспотовски, кој воедно е и режисер на филмот.

06.09.2014 - 10:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега