ВМРО-ДПМНЕ со бесплатни курсеви ја подобрува конкурентноста на невработените членови
Околу 5.000 лица од неодамна почнаа да ги следат бесплатните курсеви по англиски јазик наменети за невработени лица кои активно работа.
Курсевите ги организира владејачката партија ВМРО ДПМНЕ.
Целта, како што објави Канал 5, пред се е да им се помогне на членовите, но сите останати кои се заинтересирани да ги надградат своите знаења и да биде поконкурентни на пазарот на трудот, вели генералниот секретар на партијата кој денеска го посети часот што се одржуваше во скопската населба Аеродром.
-ВМРО-ДПМНЕ го следи примерот на современите политички партии од Европа и светот кои инвестираат во надградба на интелектуалниот капацитет на сопственото членство и на поддржувачите на политиките. Целта е преку овој вид на професионална надградба во делот на познавањето на странски јазици, да помогнеме нашите членови кои се невработени да бидат поконкурентни на пазарот на трудот, истакна Емил Димитриев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, за Канал 5.
Курсевите ќе траат од шест до 12 месеци, а професорите кои ги држат часовите се членови на партијата кои волонтираат во овој проект.
Посетителите на бесплатните часови сметаат дека познавањето на странски јазик ќе им биде особено корисно при наоѓањето работа, а го поздравуваат тоа што тие се бесплатни и се добредојдени за сите оние кои немаат доволно средства за да платат часови по странски јазик.
Партијата најавува дека и во иднина ќе продолжи со спроведување проекти кои ќе им бидат во корист на граѓаните и ги охрабруваат и останатите политички партии да им понудат слични програми на своите членови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа