Судот пресуди: Еве колку треба Заев да му плати на Груевски

50.000 евра ќе треба да му плати опозицискиот лидер Заев на премиерот Груевски. Судот пресуди дека Заев го наклеветил Груевски изјавувајќи дека земал пари во кеш за продажбата на Македонска банка. Клучниот сведок на Заев, Јовица Стефановиќ Нини, пред судот рече дека никогаш не разговарал со Груевски и дека никогаш не дал пари во кеш за купувањето на банката.
Заев се правдаше дека не тврдел дека Груевски зел пари, туку дека изразил сомневање.
Груевски првично побаруваше оштета од 500.000 евра, но вчера, побарувањето го намали на 50.000 евра.

 

 

03.09.2014 - 15:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега