Изгласани измените за Законот за државни службеници

Денеска беа изгласани измните и дополнувањата на Законот за државни службеници. Пратениците во собранието во рамките на продолжението на 12 седница по скратена постапка ги изгласа сите измени и дополнувања на Законот со кој се предвидува именување на генерални секретари во државните комисии за жалби по јавни набавки и за одлучување во втор степен при инспекциски надзор и прекршочна постапка.

Како што образложи заменик министерот за информатичко општество и јавна администрација Марта Арсовска Томовска, измените се носат и заради усогласување на овој со Законот за работни односрании.

Предвидено е, по барање на вработените, пензионирањето да се пролонгира три години, наместо на 62 за жени и 64 за мажи, на 65 и 67 години.

Пратеничките од опозицијата забележаа дека ваквите измени се злоупотребуваат, особено од државните службеници и јавната администрација. Роза Топузовска-Каревска го повика Собранието да побара анализи од Фондот за пензиско осигурување колку од оние што требале да се пензионираат го искористиле правото за пролонгирање и останале на работното место. 

На тоа реплицираше Лилјана Поповска од ДОМ со апел институциите да им одобрат на сите жени што побарале да работат до 65 години зашто тоа, рече, е согласно законот.

Во однос на именувањето генерални секретари, Нада Ципушева нагласи дека тоа е еден од столбовите за законитост и контрола на јавните набавки и јавното-приватно партнерство.

Законот за државни службеници е донесен во 2000 година и оттогаш е изменуван и дополнуван неколку пати. Ќе важи до февруари 2015 година кога наместо него ќе биде донесен нов закон за административни службеници.

Собранието по скратена постапка ги донесе и измените и дополнувањата на Законот за јавните службеници. 

03.09.2014 - 15:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега