35% од учениците во Македонија се етнички Албанци

Од 280.000 ученици во основните и средните училишта во Македонија, дури 35% се етнички Албанци. Информацијата вчера ја објави министерот за образование и наука, Абдулаким Адеми, но само за медиумите кои известуваат на албански јазик, бидејќи изјавата дадена на македонски не го содржеше тој податок.
Адеми истакна дека меѓу 30 и 35% од новозапишаните првачиња исто така се етнички Албанци.
“Во моментов немаме теочен број, бидејќи сите училишта не ни испратиле податоци, но главно, процентот е меѓу 30 и 35%“ - рече Адеми.
Дражавниот завод за статистика објави дека лани, бројот на етнички Македонци во земјава се намалил за 2.669 лица, за разлика од бројот на етнички Албанци кој се зголемил за 4.097 лица.
Лани се родиле 11.550 Македонци, а починале 14.219 етнички Македонци. Кај етнички Албанци, се родиле 8.137 лица, а починале 3.230.

03.09.2014 - 14:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега