Груевски или Заев? - во 15 часот судот ќе пресече за Македонска „Банка“

Пресудата во случајот „Македонска банка“ во која премиерот Никола Груевски го тужи за клевета лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе биде објавена денеска во 15 часот.

Во завршните говори полномошникот на тужителот Груевски, Никола Додовски, рече дека во овој случај се работи за една од најтешките облици на клевета сторени во нашата судска практика, а и не само во нашата.

- Тужениот, не само што не успеа да ја докаже вистинитоста на неговите изјави туку не успеа да докаже ниту дека имал основа да поверува во вистинитоста на тоа што го изјавил на неговите прес конференции, дури ни со доказите приложени од негова страна, изјави Додовски.

Тој уште еднаш нагласи дека целта на тужениот била само да ја уништи честа и угледот на премиерот Никола Груевски.

Полномошникот Додовски предлага во пресудата да се земе предвид добрата имотна состојба на тужениот кој според македонските стандарди е доста богата личност. Според анкетниот лист тој има банкарски депозит од неколку милиони евра. Во пресудата предлага да не се земе само неговата плата како градоначалник на општина Струмица која во месец мај изнесувала 62.504 денари. Тужената страна предложи да не се земе исказот на сведокот Јовица Стефановиќ бидејќи тој бил сослушан само по предлог на една од страните, а предлогот за негово сослушување од тужената страна беше погрешен.

03.09.2014 - 14:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега