Кривична за Жу-Жу Бургер - ја отстраниле лентата дека се затворени поради труење

Кривична пријава ќе биде поднесена против сенвичарата Жу-Жу Бургер бидејќи ја тргнале лентата од Агенцијата за храна на која стои дека се затворени поради неисправност на храната. Покрај оваа пријава, за Жу-Жу ќе има и прекршочни пријави поради пуштање во промет на штетни прехрамбени продукти. Пријава ќе има и за драчевската сендвичара „Стефани А“ поради неисправност на храната. Во изминатата недела скоро 70 граѓани побарале лекарска помош поради труењесо храна од сендвичарата во Драчево и од двете сендвичари на ЖуЖу Бургер во скопски Центар и Карпош

03.09.2014 - 13:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега