„Појадок на мост“ - скопјани и оваа година ќе добијат бесплатен оброк

Манифестација „Појадок на мост“ оваа година ќе се одржи на 14 септември,  на два моста - Камениот и Око, изјави денеска на прес-конференција градоначалникот на Скопје Коце Трајаниовски.

- Посетителите кои сакаат да учествуваат на појадокот, ќе можат да ги подигнат билетите од пунктот што ќе биде поставен пред ресторанот „Пелистер“ од 6 до 11 септември. Билетот ќе биде бесплатен, рече Трајановски.

Посочи дека присутните ќе бидат забавувани од улични музичари, а во организацијата на манифестацијата ќе помогнат учениците од средното угостителско училиште „Лазар Таневски“. За оваа манифестација, рече Трајановски, Градот издвои 600.000 денари, но обезбедени се средства и од донатори.

Директорот на средното угостителско училиште Зоран Николовски појасни дека за подготовка на манифестацијата ќе бидат вклучени 600 лица. Појадокот нема да содржи свински месо за да биде, како што кажа, прилагоден за сите вери. Храната ќе биде спакувана по ХАЦЦП стандардите. Оброкот ќе биде безбеден и прилагоден за условите каде што ќе се послужува. 

За оваа година ќе бидат обезбедени 200 влезници за странски посетители кои ќе можат да ги добијат преку туроператорите во градот.

Годинашниот „Појадок на мост“ ќе биде од 9 до 11 часот, а ќе  може да присуствуваат 2.700 луѓе. 

03.09.2014 - 13:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега