Битолски дилер фатен на дело со најлон марихуана

Триесет и едногодишниот В.Н. од Битола се здоби со кривична пријава поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 11 февруари годинава на ул. „Наум Наумовски Борче“ во Битола од страна на полициски службеници е извршен преглед на патничко возило „Даеву Рејсер“ во кое бил пријавениот и уште едно лице, при што кај В.Н. е пронајдено најлонско пакување со 0,36 грама марихуана.

Битолската полиција поднесе за истото дело и кривична против дваесет и едногодишниот Е.Р. од с. Ивањевци. На 18 ноември минатата година, од страна на полициски службеници е извршен преглед на пријавениот, при што е пронајдено едно најлонско пакување со 1,2 грама марихуана.

03.09.2014 - 12:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега