Нови правила: Македонците со бугарски пасош ќе платат 1.000 евра и ќе служат војска во Бугарија

 

Посредниците за добивање бугарски пасоши велат дека деновиве се преплавени од јавувања на луѓе кои веќе извадиле пасош или нивната процедура е во тек и се исплашени дека покрај сумата што ја платиле да дојдат до пасошот, сега ќе имаат дополнителни давачки, пишува Телеграф.мк

Порталот пишува дека граѓаните со бугарски пасоши кои не живеат кај источниот сосед се во паника по серијата написи во весниците дека треба да плаќаат казни и да служат војска.

-  Изминативе денови се јавија повеќемина на кои им средив да добијат пасоши по скратена процедура и за која платија околу 500 евра. Прашуваат дали се точни пишувањата во медиумите дека ќе треба да плаќаат казни и дали и нивниот пасош ќе оди на проверка. Не знам што да им кажам бидејќи мојот партнер од Софија сѐ уште проверува за што станува збор – вели еден од посредниците за Телеграф.

ОБвинителството во Бугарија веќе најави дека ќе прави ревизија на сите издадени пасоши од 2011 година, а особено ќе имаат проблем оние кои како место на живеење имаат адреси во Ќустендил и Софија на кои покрај нив, се регистрирани уште оле број луѓе од Македонија.

Доколку се докаже дека имало манипулации со издавањето на пасошите, Бугарите што живеат надвор од границите на Бугарија ќе треба да служат војска во армијата или да платат околу 2.000 лева, односно околу илјада евра плус данок, пишува Телеграф.

03.09.2014 - 12:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега