Агенцијата за храна откри која е познатата сендвичара од центарот на Скопје која ги труела муштериите
Калиформни бактерии се најдени во мострите од храна и на работните површини во познатата скопка сендвичара Жужу, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Според информациите од таму, сендвичарата е веќе затворена и ќе следи соодветна прекршочна постапка.
Агенцијата ги доби резултатите од испитувањата на мострите од храна и работни површини од сендвичарниците на „Жужу“ каде исто така имаше инцидент со труење на храна. Резултатите покажаа дека во една од земените четири мостри во храна и два бриса од работни површини се најдени калиформни бактерии и против овој оператор е поведена прекршочна постапка и ќе биде изречена парична казна со иста висина“, велат од Агенцијата.
Тие потврдуваат дека ќе се заострат инспекциите за операторите на храна. Се подготвуваат измени во Законот за безбедност на храна со кои ќе се заострат казните и наскоро треба да влезат во владина процедура
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа