И денеска пратениците со еден куп работа

 

Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи третото продолжение на 12-тата седница на чиј дневен ред се предлог законите за  за изменување и дополнување на Законот за државните службеници, и за изменување на Законот за јавните службеници, и на Кривичниот законик, трите по скратена постапка.

Во рамките на седницата пратениците треба да ги разгледааат и Годишниот извештај за извршените ревизии и за работењето на Државниот завод за ревизија во 2013 година, Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во 2013 година и Годишниот извештај за реализација на програмата за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија за 2013 година.

03.09.2014 - 09:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега