Бучковски: Надежта последна умира
Поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски денеска ја доби пресудата од Апелациониот суд кој му додели две годишна затворска казна за случајот со злоупотреба на тенковски делови.
- Седум години трае овој судски процес, седум години ја барам правдата, но ја нема. Полесно ќе најдев игла во пласт сено. Како и да е, надежта последна умира, ќе ја барам правдата пред највисоката судска инстанца, Врховниот суд. Ќе поднесам вонреден правен лек за вонредно преиспитување на пресудата – изјави Бучковски за „24 вести“.
Ппретходно за злоупотреба на службената должност во јули минатата година Основниот суд Скопје 1 му пресуди казна од 3 години, а откако Апелација ја потврди пресудата, денеска ја намали за една година затворската казна за Бучковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа