На уште еден Македонец му е уништен одморот во Грција

 

Во текот на вчерашниот ден на граничниот премин „Богородица“ е пријавен нов случај на украдени регистерски таблички  од возило на македонски државјанин.

Случајот е пријавен од страна на лицето В.Д. од Скопје  во чија сопственост е возилото марка „Шкода Јети“ од кое биле украдени регистерските таблички. Сопственикот на возилото пријавил дека на 25.08.2014 година во туристичкото место Ханиоти, Република Грција му биле украдени двете регистерските ознаки, по што случајот го пријавил во грчката полиција .

Со овој нов случај на украдени регистерски таблички, соопшти денеска МВР,  бројката на вкупно украдени регистерски таблички за оваа година достигна вкупно тринаесет, а досега регистрирани се и пет оштетувања  на регистарски ознаки, со што забележуваме континуитет на проблеми од ваков карактер со кои мошне често се соочуваат  македонските туристи во Грција. 

01.09.2014 - 14:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега