Издадени 100.000 решенија за легализација, Прилеп лидер во легализирање

 

Во просториите на Агенцијата за Катастар на недвижности денеска беше доделено стоилјадитото решение за дивоградба. Подносител на барањето, кое било поднесено во петокот во 15:45 часот, е Радевски Иван од Кисела Вода.

Лидер по бројот на запишани решенија за легализација на дивоградби е општина Прилеп, каде се легализирани 8.230 објекти, во скопските општини заедно пак се легализирани вкупно 32.710 објекти.

По Прилеп со најголем број на легализирани објекти се и Штип, Битола и Струмица каде се легализирани по над 5.000 објекти, посочина денешната прес-конференција истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

- Апелирам со сите граѓани да поденсат геодетски елаборати до 31.декември 2015 година и да ги легализираат своите објекти, рече Јанакиески.

Од донесувањето на Законот за заклучување на стечајните постапки до денес, пак, се изготвени елаборати за 516 објекти на правни лица, за чии објекти се води стечај.

Директорот на Агенцијата за катастар на недвжности Славче Трпевски истака и дека изминатите две недели се примени 120 барања за изготвување на бесплатни геодетски елаборати, потенцирајќи дека Агенцијата ја превзема обрската за изготвување на овие елаборати за легализација, залица кои се приматели на социјална или постојана парична помош, како и за лицата со ниски примања до 168.000 денари бруто на годишно ниво.

31.08.2014 - 13:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега