МЕТЕОАЛАРМ: Се подготвува невереме - Пелагонија во жотла фаза
Последниот августовски ден оваа година ни носи локална дестабилизација доцна попладне и рано навечер. Поголема можност за развој на облачност која локално ќе донесе повремен дожд и грмежи ќе има во западната половина од земјата, како и во близина на планинските региони во источното подрачје.
Минималната температура ќе биде во границите од 14°С до 20°С
Максимална температура околу 30°С се очекува во северната половина на земјата и во југозападниот регион. Најтопло ќе биде на југоисток до 33°С.
Вредноста на УВ индексот ќе биде 7.
Во скопската котлина се очекува сончево време со умерена облачност. Попладне и приквечер ќе има услови за краткотраен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 16°С, додека максималната вредност на температурата ќе достигне 31°С.
Во Охридско-Преспанскиот се очекува сончево време со умерена облачност попладне, кога ќе услови за краткотраен дожд. Максималната дневна температура ќе достигне околу 29°С.
Дојран очекува сончево време. Максималната температура ќе достигне вредност околу 31°С.
Посилни електрични празнења се најавуват во Пелагонија, за каде МЕтеоалармот издаде предупредување во жолта фаза.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа