Еве кои се приоритетни локации за прскање против досадните комарци

 

Охрид, Дојран, Ресен, Крушево, Берово и Чешиново-Облешево се приоритетни локации во кои во јули ќе се прска против комарци.

- Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство, поради зачестените климатски промени и топлотните бранови кои ја зафатија Република Македонија утврдија шест приоритетни локации за прскање против возрасни комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција) и терестрична апликација на средство за уништување на ларви од комарци на стоечки водени површини (ларвицидна дезинсекција). Локациите се утврдени според нивото на посетеност за време туристичката сезона, и тоа - Охрид, Дојран, Ресен, Крушево, Берово и Чешиново-Облешево, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

 

Дезинсекцијата ќе биде извршена на вкупна површина од 6.000 хектари по воздушен и земен пат.

ФОТО:Нетпрес

најчитано сега