ДУИ до ДПА: Да седнеме и да си подадеме рака

 

После инцидентот во Собранието помеѓу двете албански партии ДПА и ДУИ, ДУИ на Демократската партија на Албанците им подаде рака за смирување.

„Вториот  начин да се надмине овој проблем, лицата кои го поттикнаа тоа и се вклучија во физичката пресметка во Собранието на Република Македонија е да им подадеме рака на помирување. ДУИ и ова го поддржува и подготвени сме да седнеме и да преговараме за конструктивен дијалог и да го надминеме овој проблем“, рече Артан Груби, пратеник на ДУИ, пишува Алсат-м.

Додека пак Тачи вчера рече дека настанот бил сценарио на Али Ахмети и неговата партија чиј цел е да ù ја затвори устата на опозицијата. Зборувајќи за идните мерки, Тачи го повтори ставот на ДПА дека одреден период нема да учествува во работата на Собранието, но и оти е многу блиску да донесе одлука засекогаш да го бојкотира законодавниот дом, нагласи Алсат-м.

29.08.2014 - 19:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега