Владанка Авировиќ влезе меѓу тепачите во Собранието

 

Пратеничката на Социјалистичката партија Владанка Авировиќ била единствената од народните избраници во салата „Борис Трајковски“ во парламентот која се обидела да ги смири страстите меѓу пратeниците на ДУИ и ДПА по првиот бран на нивната вчерашна меѓусебна тепачка на седницата на Kомисијата за финансирање и буџет. Авировиќ, како што ни раскажуваат некои од пратениците присутни во салата, веднаш по првата размена на тупаници, клоци, шлаканици и навреди меѓу десетината пратеници, заедно со некој од обезбедувањето застанала пред пратеникот на ДПА Орхан Ибраими со цел да го спречи да отиде кон пратеникот на ДУИ Реџаил Исмаили. 

Во тепачката се вмеша и претседавачот на Комисијата за финансирање и буџет, Крсто Мукоски, но тој немаше можност многу да помогне во нејзиното спречување

ВИДЕО од тепачката во Собрание

26.08.2014 - 23:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега