Охридската јавност згрозена од хитлеровите и титови погледи на ЛДП и СДСМ

 

Јавноста во Охрид не прекинува да се бранува по скандалозните изјави на советникот  Дејан Блажески од ЛДП за величање на фашизмот и Хитлер од говорницата на Советот на општината и жолчните реакции на опозицискиот СДСМ во одбрана на Тито и комунизмот, откако градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и советниците од ВМРО-ДПМНЕ застанаа зад предлог одлуката, охридскиот  кеј  од “Маршал Тито“ да се преименува во Македонија.

Одговарајќи на соопштение испратено од СДСМ во кое повторно локалното раководство на партијата го велича Тито и  ја обвинува денешната официјална историја дека била фалсификувана, со реакција се јави прес службата на кабинетот на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, каде меѓу другото стои:

 '' Градоначалникот на Охрид само го врати достоинството на говорницата, од која пред тој да настапи охридската јавност имаше прилика да слушне дека денешна Германија не се срамела од Хитлер иако тој бил масовен убиец и убил милиони луѓе.

 

Градоначалникот Бакрачески со неговите ставови само го исчисти цивилизацискиот срам кој советници од редовите на опозицијата го направија на истата говорница , зборувајќи за Хитлер како нешто од кое денес не се срами една од најнапредните демократии на светот – Германија.

Сосема очекувано беше дека СДСМ ќе реагира со соопштение и коментари по социјалните мрежи, бидејќи во моментот кога Градоначалникот ја напушти говорницата нивните советници во ситуација кога немаа ни факти, ни аргументи, ни знаење, па дури ни храброст да се спротистават , останаа засрамени во молк, како мали деца кога ќе ги покара учител,па дури после три дена стигнаа да пратат соопштение.

Колкав ли интелектуален труд вложиле во ова соопштение кое има пет реченици , а е испратено цели три дена после седницата за која во него пишуваат ? Толку ли време им требеше во СДСМ за ова да успеат да го напишат и испратат до јавноста ?  '' - стои меѓу другото во соопштението на Бакрачески.

Од ВМРО-ДПМНЕ не можат да се изначудат на фактот дека  за  СДСМ   се многу позначајни  уште не доволно испитани историски личности од името на нашава држава  и дека за жал именката   Македонија кај САДСМ  предизвикува чувство  на иритација и немир па мора да се демантира и омаловажува .

“Дали за вас од СДСМ има оправдување фактот дека бројни млади Македонци во времето на Тито,  токму затоа што се стремеле и бореле за независна Македонија  биле егзекутирани по пат на  сомнителни  судења а чии гробови до денес не се откриени?  Дали вие  од СДСМ знаете колку луѓе кои барале Македонија да биде самостојна и независна држава  завршиле на Голи Оток  а  врз  нив се вршела тортура? Дали знаете колку судбини на македонски семејства  биле уништени во титовото време затоа што се бореле за Самостојна Македонија?“ стои во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

 Згрозени од како што велат повампирувањето на фашизмот во опозициската младија се и Египќаните кои изјавите на Дејан Блажески ги потсетиле на времето кога Хитлер се обидувал да ги истреби.

 

 '' Во врска со г динот Дејан Блажески, Советник и Претсеадтел на ЛДП-Охрид, кој мегу другото , истакнал , цитирам ,,За фашизмот и за Хитлер бев сосема јасен,и затоа во служба на граганите ке цитирам-Кога еден масовен убиец како Хитлер, Герамнците не го спомнуваат, односно гласно не зборуваат лошо за него, зошто ние да зборуваме за Тито,, во голема мера, свесно или несфесно ги повреди чуствата на многу генерации на Египкани, кои не смееле ниту да помислат да се декларираат како Египкани, бидејки знале што ги очекува на крајот- ГАСНА КОМОРА ВО КОНЦЕТРАЦИОНЕН ЛОГОР . Во времето на Јосип Броз Тито,точно се знаело, кој ги вршел најтешките физички работи, во нехумани и непрофесионални услови,кои ,,благодарение,, на тие околности, животниот век на Египканите, за жал, траел ,максимум до 60 години'', истакна Демир Далип.

 

 

 

Со реакција се јавија бројни невладини организации кои даваат поддршка и го поддржуваат  овој потег на охридскиот Градоначалник.

 

''Името кое многу Македонци ги асоцира на темнина, името кое Судените за Македонија и нивните најблиски ги потсетува на Голи оток со промената на кејот во Македонија, ова мрачно сеќавање на Македонците заминува во темната историја и конечно жртвите на тој режим ќе добијат спокој.

Благодарни сме што оваа Локална власт го отвори ова прашање на задоволство на сите Македонци па од сега најрепрезентативниот кеј го носи светото име Македонија. '' - стои во соопштението на  здружението ''Велгошка гордост'' од селото Велгошти  кое ја  поздрави промената на името на кејот

 

 

 

 

26.08.2014 - 11:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега