Сообраќајот во Скопје ќе се „поремети" - еве зошто

Екипите на Градот Скопје од утре ги почнуваат градежните работи за реконструкција на крајната сообраќајна лента на улицата Димитрие Чуповски, пред автобуската станица „Рекорд“, наспроти Театарот за деца и младинци. Оваа сообраќајна лента ќе се реонструира во должина од 60 метри, пред и по автобуското стојалиште.

 Во текот на градежните работи стариот вдлабнат и оштетен асфалт ќе се изгребе и ќе се нанесат три асфалтни слоја.

 За време на реконструкцијата, како привремено автобуско стојалиште ќе се користи крајната сообраќајната лента, пред постојното автобуско стојалиште т.е.пред пешачките семафори при вкрстосување на ул.„Димитрие Чуповски“ и ул.„Македонија“, односно старата позиција на постојката на „Рекорд“.

 Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено воведениот режим, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

 

 

На реконструкција на крајната сообраќајна лента на улицата Димитрие Чуповски, пред автобуската станица „Рекорд“, наспроти Театарот за деца и младинци ќе работат екипите на градежната компанија „Бетон АД“, а Градот Скопје за овој зафат ќе потроши околу  милион денари.

15.08.2014 - 13:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега