Захариев им подели половина тон вода на штипјани
Високите темперетури и дополнително ден петок, кој е пазарен ден во Штип, беа причина локалната самоуправа да подели половина тон вода за граѓаните.
- На овие жештини, кога темепретурите се над 40-тиот степен, водата е најпотребна, за организмот да функционира како што треба. Затоа и ние денес поделивме половина тон вода, во мали шишиња, за оние кои поминуваат кај мини плоштадот кој неодамна го конструиравме. Знам дека луѓето имаат обврски, некои се неизбежни и мора да се завршат а тоа значи да се излезе и надвор на ова жешко сонце. Сепак, јас апелирам оние кои немаат потреба да излегуваат да останат дома, во сенка, на ладно и да конзумираат што повеќе вода, истакна Захариев, пренесува порталот „1.мк".
Потрошувачката на вода е зголемена во Штип и таа изнесува околу 298 литри во секунда, што е зголемување од околу 10% во споредба со деновите кога темперетурите беа пониски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа