Груевски: Да останеме блиски на нашата црква и да ја изградиме „Свети Константин и Елена“

ж

Денеска во Скопје се одржа втора донаторска конференција за црквата „Свети Константин и Елена“, на која присуствуваше и Премиерот на македонската Влада, Никола Груевски.

-Човечкиот род отсекогаш ја чувствувал врската со Бога и човекот чувствувал дека своите чувства треба да ги изрази со молитва. Токму затоа се изградени илјадници црковни храмови ширум светот. Чудесно е колку вакви храмови има изградено во Македонија, рече Груевски.

Осврнувајќи се на минатото, Груевски изјави дека многу нешта сега се променети бидејќи се бориме за благодет на нашите семејства, за благодет на државата, на предците и на потомците и секогаш погледнуваме кон нашиот Бог.

-Ако нашите предци не граделе со слава на Бога, ние денес немаше да ги имаме овие храмови. Во многу временски непогоди биле разрушени многу светилишта, но тие одново се граделе. Така било и со црквата „Свети Константин и Елена“, која била разрушена во 1963 година, за време на земјотресот, рече премиерот.

Груевски апелираше, да ја продолжиме традицијата и да останеме блиски на нашата црква и на Бога и да ја изградиме црквата „Свети Константин и Елена“.

„Свети Константин и Елена“ е изградена уште во 1927 година и се наоѓала на местото на Градскиот трговски центар. Сега црквата ќе биде изградена на платото на дом на АРМ.

најчитано сега