Викендов ќе се спасиме од досадните комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниов викенд ќе започне четвртиот наврат од авионската и терестричната дезинсекција во 2014 година, против возрасни форми на комарци на подрачјето на Град Скопје.

Прскањето  ќе се одвива во деновите од претстојниов викенд, односно на 09.08.2014 (сабота) и 10.08.2014 (недела), во период од 05.30 до 08.00 часот.

Четвртиот наврат на аеросолната дезинсекција (терестрична) во 2014 година, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива во деновите од 10.08.2014 до 14.08.2014 (од недела до четврток), во период од 23.00 до 03.00  часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

07.08.2014 - 11:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега