Делови од Бутел, Шуто Оризари, Студеничани и Мирковци без струја

Корисниците од село Студеничани утре од 7 до 13 часот ќе останат без напојување со електрична енергија, а од 9 до 15 часот струја ќе немаат и корисниците од село Мирковци.

Во периодот од 8 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од улиците „Алекса Дундиќ“, „Мара Мажуречка“, „Алпи“, „Ферид Бајр“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „Александар Турунџиев“, „Рокомија“ и „Кучевишка Бара“ во општина Бутел.

Од 8 до 15:30 часот електрична енергија ќе немаат и корисниците од улиците „Шуто Оризари“, „Македонско– Косовска Бргада“, „17“ и „19“, а од 9 до 15 часот и корисниците од улиците „Волт Дизни“ и „Диме Мечето“ во општина Шуто Оризари.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија АД.

06.08.2014 - 20:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега