Поскапеле угостителските услуги во јули

Цените на угостителските услуги во јули годинава во однос на претходниот месец бележат зголемување за 0,6 отсто. Според податоците кои денеска ги објави Државниот Завод за Статистика, зголемување е забележано во групите Храна за 0,1 отсто, Алкохолни пијалаци за 1,3 отсто, Безалкохолни пијалаци за 0,2 отсто и Ноќевања за 1,6 отсто.

Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 1,1 отсто.

Цените на угостителските услуги за периодот јануари-јули 2014 година, во однос на овој период од минатата година, е намален за 0,6 отсто, додека во однос на декември 2013 година е зголемен за 0,3 отсто, говорат податоците на Статистика.

06.08.2014 - 13:50
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега