Нов маркет на Скопски Пазар во скопски Центар

Денес Скопски Пазар АД Скопје отвори нов супермаркет од ланецот СП маркети во општина Центар. Новиот маркет се наоѓа на ул. Св.Кирил и Методиј бр.20, во близина на зеленото пазарче, спроти поранешен цветен пазар.

Новиот СП маркет кој се простира на површина од 420 м2, ќе вработи 15 лица и ќе понуди богат асортиман на производи од реномирани домашни и странски производители. Во понудата на супермаркетот потрошувачите исто така ќе можат да се снабдат и со свежо овошје и зеленчук, готови топли јадења од менито на Топлотека, печено пиле и свежо печен багет, како и слаткарски производи.

Новиот СП Маркет ќе работи од 8 до 22 часот (од понеделник до сабота) и од 8 до 20 часот во недела.

„Се надеваме дека нашиот нов СП Маркет ќе одговори на секојдневните потреби на граѓаните, пред се преку понудата на готови топли јадења, багет и слаткарски производи со цел да ги задоволат нивните барања за свежа, квалитетна и разноврсна храна по најдобри цени“, изјавија од одделот за маркетинг на Скопски Пазар

06.08.2014 - 12:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега