Одлуката на Владата го зголеми интересот за огревни дрва

По намалувањето на цената на огревните дрва од страна на Владата за 10 проценти за сите граѓани и 15 проценти за социјално загрозените семејства, зголемен е интересот за набавка на огревни  дрва, велат во складот на Шумското стопанство „Бабуна“ од Велес кој е во рамки на ЈП „Македонски шуми“.

- Моментално располагаме со 50-60 метри кубни дрва –бука, а согласно потребите на граѓаните, складот ќе се дополни и со нови количества на дрва. Огревните дрва ги носиме од нашите сечи во Велешко: од реонот на шумите околу селата  Мокрени, Оморани, Јаболчиште и други места со шума, а со кои стопанисува ШС „Бабуна“ од Велес, потенцира Петрушев.

Тој вели дека во складот има и поголеми количини на огревно дрво даб за кој цената е без попуст и изнесува 2453 денари. Граѓаните со огревно дрво и даб и бука  воедно можат  да се снабдат по исплатата на четири до пет рати, а по основ на  склучен договор на велешките фирми и претпријатија, а што секоја година го прават со ШС „Бабуна“. Испораката на огревно дрво се врши по исплата на сите рати,информира Петрушев.

Со одлука на Владата од почетокот на месецов намалена е цената на огревното дрво - бука од 2.370 на 2.134 денари за сите граѓани и 2.050 денари за метар кубен дрва за социјално загрозените семејства, а кои за тоа треба да донесат потврда од Центарот за социјална работа, информира.

05.08.2014 - 14:55
Фото: 
фактор
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега