Колбасите и меленото месо безбедни - се утврдува изворот на листерија
Колбасите и меленото месо не се причина за појава на бакетријата листерија кај луѓето. Изворот допрва ќе се утврдува. Ова денеска го соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.
Типот листерија пронајдена во храната воопшто не соодветствува со онаа кај заболените лица, ниту количински е застапена над дозволеното ниво пропишано со Правилникот и европските стандарди. Листерија има, но во минимални количини, под 10 колонии на грам што е далеку под дозволеното ниво од 100 колонии на грам во рамки на рокот на траење на производот, рече директорот на АХВ Дејан Рунтевски на прес-конференција.
При анализите направени на Ветеринарниот факултет, испитани беа 610 од вкупно 750 мостри од месната и млечната индустрија. Притоа, 23 биле позитивни на листерија. На 16 е направена генотипизација која не покажала ниту едно совпаѓање со листеријата кај заболените лица, додека на осум е извршено квантитавно испитување - утврдување на количинската застапеност.
Во Македонија изминатиов месец од листерија заболеа вкупно осум лица од кои четири починаа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа