Нема ни 7 години, а веќе го освои Мали Томор во Албанија
Младиот планинар Ване Бошев од Неготино на неполни 7 години го освои врвот Мали Томор висок 2.474 метри на истоимената планина во Албанија, информираше денеска неговиот татко Орданче Бошев.
Ова е негов прв освоен врв во странство, откако претходно освои неколку планински врвови во Македонија.
- Акцијата во која покрај нас двајцата имаше и неколкумина албански планинари траеше 6.5 часа пешачење. Пред врвот се соочивме со дожд и силен ветар но се помина во најдобар ред, соопшти таткото кој исто така е долгогодишен планинар.
Во план е Бошев кој има 6 години и 8 месеци, а планинари од многу мал, набргу да го освои и највисокиот бугарски врв Мусала, висок 2.925 метри.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа