Груевски: Економијата и индустријата со одличен развоен тренд

Растот на индустриското производство од 4,9 проценти е одличен. За првото полугодие растот е за околу 4,5 проценти. Тоа е одличен тренд. Се наоѓаме во време кога економијата и особено индустријата имаат одличен развоен тренд. Ова го истакна премиерот Никола Груевски денеска по промоцијата на „130 тома македонска книжевност“.

- Тоа не зависи само од нас, туку и од опкружувањето, а најмногу од земјите во кои извезуваме и со кои соработуваме. Со надеж дека и европската економија ќе продолжи со опоравување веруваме дека овој тренд ќе биде што подолг, посочи Груевски.

Тој посочи дека ваквите услови ќе се одразат кон крајната цел – отворање на нови работни места во Македонија.

30.07.2014 - 13:56
Фото: 
региони
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега